klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·17. 10. 2026. 10:34:46

Супертанкер удрил во поморска мина во Ормуската Теснина, што предизвикало експлозија и пожар на бродот, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ). Според извештаите, танкерот превезувал повеќе од 2 милиони барели сурова нафта. Од ИРГЦ тврдат дека бродот се обидел да помине низ теснината без дозвола, со помош на американската војска и користејќи маневри за измама, пренесува ДПА. Американската централна команда (CENTCOM) и британската организација за поморски трговски операции (UKMTO) досега не дадоа коментар за инцидентот што се случил во текот на ноќта. Ормускта теснина стана главна точка на тензии меѓу Техеран и Вашингтон за време на конфликтот со Иран. Овој пловен пат е од клучно значење за глобалната трговија со нафта и течен природен гас. Откако започна конфликтот кон крајот на февруари, Иран во голема мера го блокираше поморскиот сообраќај низ теснината преку закани и напади врз бродови. Техеран, исто така, постави и мини во делови од пловниот пат. Во меѓувреме, САД воведоа блокада на иранските пристаништа и крајбрежни области, со цел да ја лишат земјата од приходите од извозот на нафта. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti