klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Иран се заканува дека ќе ја прошири војната доколку САД продолжат да ги следат бродовите низ Ормуската Теснина

Иран се заканува дека ќе ја прошири војната доколку САД продолжат да ги следат бродовите низ Ормуската Теснина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 10. 2026. 12:37:49

Иранската револуционерна гарда денеска се закани дека ќе го ескалира конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон доколку американските сили продолжат да им помагаат на бродовите да минуваат низ стратешката Ормуска Теснина. Иран тврди дека има контрола врз овој морски премин, низ кој до пред војната минуваше една петтина од светскиот извоз на сурова нафта, нафтени деривати и течен гас. Иранските сили редовно напаѓаат бродови што влегуваат во теснината без нивна дозвола. Како резултат на тоа, Вашингтон воведе блокада на иранските пристаништа, а американските сили ги следат бродовите што сакаат да минуваат низ теснината без одобрение од Техеран. „Американската војска мора да знае дека доколку овој тренд продолжи, конфликтот ќе се прошири на нејзините бази во регионот. Ова е сериозно предупредување“, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда на нивната интернет-страница „Сепах њуз“. Во последните денови се интензивираа иранските напади врз танкери, особено откако сè поголем број почнаа да минуваат низ теснината под американска придружба. Иранските сили денеска соопштија дека во текот на ноќта погодиле четири брода во Заливот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti