klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 16:49:59

Иран денеска се закани дека целосно ќе ја блокира Ормуската Теснина доколку САД извршат нови напади, со што тензиите ескалираа на највисоко ниво во изминатите неколку недели. Предупредувањето следуваше по големата ескалација на непријателствата во текот на ноќта, која вклучуваше американски напади врз повеќе од 80 цели во Исламската Република и ирански напади врз воени капацитети поврзани со САД во заливските држави Кувајт и Бахреин. Иранската државна телевизија на англиски јазик, „Прес ТВ“ (Press TV), повикувајќи се на добро информиран безбедносен извор, јави дека Техеран е подготвен да се бори за да ја задржи контролата врз стратешкиот воден пат, низ кој минува значителен дел од глобалните енергетски резерви. Во извештајот се наведува дека Иран нема да прави разлика меѓу Соединетите Држави и нивните регионални сојузници. Зборувајќи претходно на самитот на НАТО во Анкара, претседателот Доналд Трамп изгледаше како целосно да се откажува од неодамна договореното примирје со Иран, доведувајќи го во прашање и продолжувањето на преговорите меѓу двете земји, пренесе ДПА. - Мислам дека е готово – рече тој за примирјето. „Не сакам повеќе да имам работа со нив, тие се ѓубриња. Знаете ли што се ѓубриња? Е па тие се тоа. Тие се болни луѓе. Предводени се од болни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti