klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иран повторно ја предупреди Бугарија

Иран повторно ја предупреди Бугарија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 12:36:25

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран, порачувајќи и дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. - Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејство кое според меѓународното право претставува поддршка на американско-израелската воена агресија врз Иран, воедно претставува и учество во чинот на агресија – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Тој додаде дека нема причина која било земја да биде загрижена за Иран, „освен ако не му дозволила на агресорот да ги користи нејзините бази“. - Иранските претставници многу јасно зборуваа за сериозноста во одбраната на иранската територија. Ние нема да правиме никакви отстапки во однос на агресорите – рече Багеи. Тој додаде дека „Иран има право да го нападне изворот, односно местото на потекло на секој чин на агресија против себе“. - Претходно беше објавено, а извештаите и го потврдија тоа, дека неколку авиони за снабдување со гориво ја напуштиле бугарската територија. Како што признаа и бројни бугарски граѓани и политичари, одобрувањето на престојот на тие авиони во бугарската база е во спротивност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti