klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 16:29:47

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се обезбедуваат на бродовите, објасни тој. Спорот околу транзитните права во протокот, кој е клучна меѓународна рута за нафта, гас и вештачки ѓубрива, се смета за еден од главните поттикнувачи на неодамнешната ескалација на воениот конфликт меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе ДПА. Пред Соединетите Американски Држави и Израел да ја почнат војната против Иран на 28 февруари, пловидбата низ протокот се одвиваше во голема мера непречено, без патарини или такси за транзит. Ормуската Теснина на својата најтесна точка мери само околу 39 километри. Бидејќи Иран и Оман полагаат максимално право на 12 наутички милји (22,2 километри) кои се дозволени според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS) како нивни територијални води, во протокот не постојат меѓународни води. Конвенцијата UNCLOS гарантира право на транзитен премин и забранува блокада на комерцијални бродови. Иран не…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti