Иран нападна енергетски објекти во Кувајт, Бахреин пресретна ракети

Кувајт денеска го обвини Иран дека извршил напад врз уште една електрана и постројка за десалинизација на вода, откако САД седма последователна ноќ изведоа воздушни напади врз Иран. Кувајтското Министерство за електрична енергија соопшти дека објектот бил погоден во „непријателски“ напад, при што избувнал пожар во дел од постројката. Неколку генератори биле превентивно исклучени. Ова е втор ваков објект во Кувајт што е цел на напад во изминатите два дена. Министерството ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во оваа „исклучителна фаза“, имајќи предвид дека нападите се случуваат во период на екстремно високи летни температури, кога климатизацијата е неопходна. Претходно денеска, кувајтската армија соопшти дека пресретнала повеќе ракети и беспилотни летала лансирани од Иран. Националниот авиопревозник „Кувајт ервејс“ објави дека поголемиот дел од летовите ќе бидат презакажани, откако полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром во Кувајт привремено беа суспендирани поради иранските напади. Иранската војска денеска соопшти дека погодила американски цели во Кувајт, Бахреин и Јордан како одмазда за најновите американски напади врз Иран. Воените власти на Бахреин соопштија дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќе ирански воздушни напади. Малото заливско кралство, во кое е сместена Петтата флота на американската морнарица, не објави кои локации биле цел на нападите ниту…


