klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·16. 07. 2026. 06:28:33

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на иранските пристаништа. Техеран возврати со предупредување дека може да затвори и други клучни поморски правци, оценувајќи го конфликтот како „егзистенцијална војна“ со САД. Според Централната команда на САД (CENTCOM), американските сили во два бранa погодиле ирански крајбрежни одбранбени позиции, складишта и лансирни рампи за крстосувачки ракети во близина на Ормуската Теснина. Американски претставници соопштија дека целта е повторно воспоставување на слободната пловидба и уништување на клучни ирански воени капацитети. Иранските медиуми јавија за напади во повеќе делови од земјата, како и на островот Кешм. Претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека Иран води „решавачка, егзистенцијална војна“ со САД и порача дека безбедноста на Ормуската Теснина ќе се одредува според ирански правила. Иранската револуционерна гарда соопшти дека извела напади врз американски воени цели во Бахреин, Кувајт и Јордан, најавувајќи дека следната фаза…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti