klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Интерпол издаде потерница по Украинка за нападот во Монако

Интерпол издаде потерница по Украинка за нападот во Монако
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 07. 2026. 11:13:35

Интерпол денеска објави дека Украинката Анастасија Березовска е осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел наводно бил украински тајкун со врски со Русија. Во црвената потерница објавена на својата веб-страница, Интерпол ја идентификуваше Березовска (39) како жената по која интензивно се трага. Во потерницата се наведува дека таа има тетоважа на десната рака од рамото до лактот, родена е во Украина, има темна коса и зборува германски. Додадено е дека властите во Монако го бараат нејзиното апсење за обидот за убиство и други кривични дела.(МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti