klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Интерактивна детска работилница

Интерактивна детска работилница
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 06:27:00

Во рамки на програмата на „Карпошово културно лето“, на локацијата „Фонтана“ во населбата Карпош 3, се реализираше проектот „Нашето Маало – детска интерактивна просторна инсталација“, организиран од архитектката Ружица Ивановиќ. Во рамки на интерактивната работилница, најмалите карпошани имаа можност преку игра, цртање и креативно изразување да изработуваат макети и да создаваат сопствени замисли за просторот што ги опкружува. На овој начин, децата го развиваа и поттикнуваа својот креативен потенцијал, истовремено дружејќи се и учејќи преку интересни и едукативни активности. Работилницата помина во позитивна и инспиративна атмосфера, исполнета со детски насмевки, креативност и дружба, потврдувајќи ја важноста на ваквите содржини во поттикнувањето на детската фантазија и творечкиот дух.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti