Crna kronika Sjeverna Makedonija
Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад

Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 20:41:22
И српската новинска агенција Бета вечера беше цел на хакерски напад. Нејзиниот профил на Инстаграм бил нападнат од хакери. За само неколку минути, профилот бил „заследен“ од околу 300 нови профили, за кои се претпоставува дека се лажни корисници или ботови, со што се „преоптоварува“ и се блокира Инстаграмот. Како што јави Бета, кога системот регистрира нереално големо зголемување на бројот на следбеници за краток временски период, може привремено да ја блокира и работата. Хакерски напади денеска беа пријавени и од неделникот Време, организацијата ЦРТА и порталите „Компас“ и „Машина“.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


