klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 06:30:43

На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет - Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје. Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во спортот. На теренот излегоа две екипи на кошаркари во колички. Играчите на теренот покажаа дека страста кон играта и тимскиот дух се заеднички јазик што ги надминува сите бариери. Присутните имаа можност да научат повеќе за правилата на кошарката во колички, за техничките вештини како водење на топка и шутирање, како и за специфичните физички предизвици со кои се соочуваат спортистите. Во рамките на настанот, директорката на Националната агенција Ана Михајлов, градоначалникот на Општина Аеродорм, Дејан Митески и евроамбасадорот Михалис Рокас остварија средба со кошаркарите и останатите учесници, давајќи директна поддршка на оваа иницијатива која ја промовира социјалната кохезија. Низ разговор, учесниците ги споделија своите лични искуства, предизвици и придобивките што спортот ги носи во нивните животи. Овој настан е дел од заложбите на Националната агенција за градење на поинклузивно општество, каде што секој поединец, без оглед на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti