klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Инфлацијата останува стабилна, цените на храната паѓаат втор месец по ред

Инфлацијата останува стабилна, цените на храната паѓаат втор месец по ред
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 14:19:49

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот. Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е втора последователна месечна корекција кај оваа категорија и претставува позитивен сигнал, имајќи предвид дека токму храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Зголемувањето на трошоците на животот во јули главно произлегува од сезонски движења, пред сè кај транспортот, каде е регистриран раст од 4,4 проценти, како и кај рекреацијата, спортот и културата, кои традиционално бележат повисока потрошувачка во летниот период. На годишно ниво, инфлацијата изнесува 2,3 проценти, додека цените на мало се повисоки за 1,8 проценти во однос на јули минатата година. Тоа претставува значително поумерено ниво на инфлација во споредба со периодите кога државата се соочуваше со силни ценовни притисоци предизвикани од глобалната енергетска и ценовна криза. Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti