klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти

Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 08. 2026. 10:06:58

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола, велат од ВМРО-ДПМНЕ „За разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат секој ден... сè е поскапено.“ На 22 април отиде уште подалеку, тврдејќи: „Спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира.“ На 21 јуни повторно тврдеше дека Владата потфрлила во контролата на инфлацијата и посочи дека инфлацијата изнесувала 4,8 проценти, додавајќи дека „растот на цените е огромен“. А на 14 јули Филипче повторно најавуваше нова спирала на поскапувања: „Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат.“ И тврдеше дека покачувањето на горивата ќе донесе „дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде“. Само неколку недели подоцна, официјалните бројки покажуваат сосема поинаква слика од онаа што Филипче ја претставуваше пред граѓаните. Според податоците прикажани од Државниот завод за статистика, инфлацијата во март 2026 година изнесувала 4,9 проценти, во април 5,7 проценти, во мај 4,8 проценти, во јуни се намалила на 3,4 проценти, а во јули паднала на само 2,3 проценти…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti