klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Инфантино прави циркус од финалето: Се шпекулира дека полувремето ќе трае половина час

Инфантино прави циркус од финалето: Се шпекулира дека полувремето ќе трае половина час
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 12:48:10

ФИФА подготви богата забавна програма за полувремето на финалето на Светското првенство, која тешко може да се замисли дека ќе заврши во предвидените 15 минути. По задолжителните паузи за освежување, со кои натпреварите практично беа поделени на четвртини без оглед на временските услови, светската фудбалска организација сега воведува и спектакл на полувремето по примерот на Супербоулот. На стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси се најавени настапи на неколку светски музички ѕвезди. Поради обемната програма, се појавија шпекулации дека телевизиите што ќе го пренесуваат финалето се подготвуваат за пауза која би можела да трае и до половина час. ФИФА уверува дека паузата нема многу да се продолжи Од ФИФА претходно најавија дека прекинот меѓу двете полувремиња нема да трае подолго од 17 минути. Сепак, и таквото продолжување би отстапувало од вообичаените правила, а останува нејасно како целата најавена програма би можела да се реализира за толку кратко време. Критичарите сметаат дека ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино сè повеќе се обидуваат финалето на Мундијалот да го претворат во американски забавен спектакл. Мадона, Шакира, БТС и Џастин Бибер ФИФА уште во мај објави дека на првото шоу на полувремето во историјата на финалињата на Светското првенство ќе настапат Мадона, Шакира и БТС, една…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti