klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Индија направи голем чекор: Прво успешно тестирање на ракетниот систем „Куша“

Индија направи голем чекор: Прво успешно тестирање на ракетниот систем „Куша“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 20:42:08

Индија денеска успешно го изврши првото тестирање на ракетата „Куша“, систем земја-воздух со долг дострел - соопштија индиските власти. Тестирањето го спроведе Организацијата за истражување и развој во одбраната (DRDO) од островот „Д-р АПЈ Абдул Калам“, крај брегот на источната сојузна држава Одиша. Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг на социјалната мрежа Икс објави дека ракетниот систем „Куша“ е способен да неутрализира широк спектар воздушни закани, вклучувајќи борбени авиони, ракети, беспилотни летала и големи непријателски воздухоплови на различни височини и на големи растојанија. Според него, денешното успешно тестирање претставува „важна пресвртница“ за индиските истражувања и развој во областа на одбраната. „Само мал број земји во светот располагаат со способност за развој на ракетен систем земја-воздух со долг дострел“, истакна Синг. Тој додаде дека новиот систем ќе ја намали зависноста на Индија од увоз на вакви системи и претставува голем исчекор во зајакнувањето на националната противвоздушна одбрана.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti