Crna kronika Sjeverna Makedonija
Им се заканувал на сопствените родители: Кривична пријава за 31-годишник од Крива Паланка

Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 14:05:08
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Ј. (31) од Крива Паланка поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 14 јули 2026 година во семејниот дом, каде што пријавениот упатувал закани кон своите родители. По преземените мерки и спроведената истрага, полицијата поднесе кривична пријава против 31-годишникот, а за случајот ќе постапуваат надлежните институции во понатамошната постапка.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


