Илон Маск најави дека ќе му подари по една акција од СпејсИкс на секое дете во САД

СпејсИкс на Илон Маск и компанијата за технологија за вештачка интелигенција Антропик објавија големи донации во форма на свои акции во време кога технолошките гиганти се соочуваат со зголемен притисок поради можните последици од вештачката интелигенција за човештвото. Маск објави дека следната година ќе му даде на секое дете во САД по една од неговите акции во вселенската компанија СпејсИкс што е сопственик на компанијата за вештачка интелигенција xAI. Соопштението на милијардерот дојде откако Антропик објави дека ќе издвои пет проценти од своите акции за фонд од кој ќе се финансираат донации за „општо добро“. Во јуни, СпејскИкс постави рекорд за најголемата почетна јавна понуда (IPO) во историјата, собирајќи 85,7 милијарди долари. Тие најави доаѓаат во време кога индустријата за вештачка интелигенција е под зголемен надзор поради безбедносни проблеми и стравувања од последиците што нејзиниот развој би можел да ги има врз општеството и работните места. Деталите за тоа како секое дете во САД би добило дел од СпејсИкс сè уште не се објавени. Маск напиша на социјалните мрежи: „Следната година, ќе дадам по една од моите акции од СпејсИкс на секое дете во САД. Тоа ќе биде првата од многуте.“


