Илјадници припадници на движењето „Бубашваби“ бараат оставка од индискиот министер за образование и реформи во испитниот систем

Илјадници поддржувачи на младинското индиско движење „Бубашваби“ денеска се собраа во Њу Делхи со намера да маршираат кон индискиот Парламент за да побараат оставка од министерот за образование Дармендра Прадхан, иако полицијата не го одобри протестниот марш. Десетици полицајци го опколија и блокираа просторот кај протестната зона Џантар Мантар во центарот на главниот град, поради опасност од судири доколку демонстрантите се упатат кон Парламентот што се наоѓа на неколку километри од местото на собирањето. Полицијата преку озвучување ги повика демонстрантите да се разотидат, но насобраната маса продолжи со протестните извици. Движењето „Бубашваби“ се појави во мај откако главен судија на индискиот Врховен суд, при судење дел од невработените млади луѓе ги спореди со „бубашваби“. Поддржувачите на таа изјава и дадоа сатирично значење и го искористија терминот како име на движење што за кратко време привлече милиони следбеници на социјалните мрежи. Движењето дополнително зајакна откако во неколкунаврати беа „пробиени“ тестови за прием на медицински факултети и за државни работни места, што предизвика голем револт во јавноста. Дополнително внимание привлече настанот од саботата кога полицијата насилно во болница го префрли активистот, Соам Вангчук, кој штрајкуваше со глад. Демонстрантите, кои самите се нарекуваат „бубашваби“, веќе еден месец кампуваат кај Џантар Мантар, а дел…


