klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Илјадници луѓе бегаат од пожарите кои беснеат на југот на Европа

Илјадници луѓе бегаат од пожарите кои беснеат на југот на Европа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 07. 2026. 08:04:12

Шумски пожари денеска беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат од нивните домови и поттикнувајќи ги властите да им забранат на гледачите пристап до етапата на познатата велосипедска трка „Тур де Франс“. Стотици пожарникари се борат со пожарите кои уништија повеќе од 19.000 хектари земја ширум Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно растат, а се предвидува дека ќе достигнат 40 степени Целзиусови во делови од Европа која сè уште страда од последиците на рекордниот топлотен бран. Во југозападна Франција, во близина на градот Перпињан, 700 пожарникари со поддршка на специјални авиони се бореа да стават под контрола огромен пожар кој се ширеше во тешко пристапно подрачје, при што беа евакуирани повеќе од 10.000 жители. Разгоруван од ветерот, интензивната жештина и исклучително сувиот воздух, пожарот речиси трипати се зголемил од неделата наутро, и досега изгорел 4.600 хектари. Пожарите избувнаа брзо по топлотниот бран во јуни, еден од најлошите во Европа, за време на кој беа забележани илјадници смртни случаи и кој би бил „речиси невозможен“ без климатските промени, според група научници од организацијата World Weather Attribution. Со оглед на тоа што живата во термометрите во наредните денови повторно ќе се покачи, властите изразија загриженост дека годишната летна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti