klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 08. 2026. 08:33:00

Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник – Илинден. Од Австралиско-сиднејската епархија информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои беше прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. - Во својата порака тој истакна дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – се сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и за стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Притоа потсети дека „слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачува“, повикувајќи го народот да се врати кон верата, правдата, честа и достоинството, се наведува во соопштението. По светите богослужби, во сите црковни општини биле организирани пригодни духовни, културни и забавни програми, на кои бројни верници заеднички го прославиле големиот празник. - Со свечените академии, културно-уметничките настапи, народните веселби и братските трпези уште еднаш беше потврдено дека македонските православни цркви во Австралија се живи чувари на православната вера, македонскиот идентитет, јазикот, културата и илинденскиот завет, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti