klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Игор Марковиќ нов селектор на женската ракометна репрезентација

Игор Марковиќ нов селектор на женската ракометна репрезентација
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·28. 07. 2026. 14:58:44

Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека Игор Марковиќ е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација. Станува збор за искусен ракометен страгег од Црна Гора кој што има богато интернационално играчко, а потоа и тренерско искуство. „Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме се подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија.“ – изјави новиот селектор на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti