klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Идеалниот тим на Мундијалот досега: Меси, Мбапе, Халанд и уште неколку големи изненадувања

Идеалниот тим на Мундијалот досега: Меси, Мбапе, Халанд и уште неколку големи изненадувања
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·28. 06. 2026. 14:20:14

Групната фаза на Светското првенство 2026 заврши, а нокаут-фазата е веќе на прагот. Шеснаесетфиналето започнува в недела со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада. Пред да почне битката меѓу најдобрите 32 селекции, ова е вистински момент да се направи пресек на досегашниот дел од турнирот и да се издвојат фудбалерите кои оставија најсилен впечаток. Оваа идеална единаесетка е редакциски избор на Курир, но не е направена само според имињата и репутацијата на фудбалерите. При изборот беа земени предвид настапите во трите кола од групната фаза, конкретниот придонес на играчите за своите репрезентации, како и статистичките показатели преземени од API-Football – платформата што Курир ја користи како база за аналитики, резултати и статистики на специјалната подстраница за Светското првенство 2026. Ова е идеалната единаесетка на групната фаза на Мундијалот 2026. Возиња Голман | Зеленортски Острови Една од најубавите приказни во групната фаза на Светското првенство беше историскиот пласман на Зеленортските Острови во нокаут-фазата, а голманот Возиња имаше огромна улога во тој успех. Тој беше извонреден уште во првото коло против Шпанија. Иако прими два гола против Уругвај, повторно имаше сигурен настап, а на високо ниво беше и во третиот меч против Саудиска Арабија, кога ремито 0:0 ги однесе Зеленортските Острови понатаму…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti