Ибра не го разбираше пацифизмот на Шпанците: „Парадес има среќа што не бев на теренот…“

Златан Ибрахимовиќ не остана рамнодушен на, како што оцени, уличарското однесување на аргентинските фудбалери во финалето на Светското првенство против Шпанија. Легендарниот шведски напаѓач, кој заедно со Тјери Анри беше стручен аналитичар на телевизијата „Фокс“, по завршувањето на натпреварот го сумираше впечатокот од финалето, кое покрај целосната доминација на Шпанија, беше обележано и со бројни груби стартови и неспортски потези на аргентинските играчи. Најостри зборови Ибрахимовиќ упати кон Леандро Парадес. „Леандро Парадес може да биде среќен што Шпанија немаше играч како мене на теренот. Да бев долу, ќе го удрев и судијата ќе ме исклучеше. Тоа што го направи е крајно непрофесионално“, изјави Ибрахимовиќ. Неговите критики не беа насочени само кон Аргентинците, туку и кон шпанските фудбалери, кои, според него, премногу мирно реагирале на агресивната игра на противникот. „Не ги разбирам Шпанците – само стоеја и гледаа како противникот им тепа соиграч“, додаде тој. На крајот, Ибрахимовиќ ја пофали играта на новиот светски шампион, оценувајќи дека триумфирал фудбалот. „Победи фудбалот. Начинот на кој играше Шпанија, начинот на кој го одигра целиот турнир... Кога гледате фудбал, токму тоа сакате да го видите“, порача легендарниот Швеѓанец.


