klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

И Ватикан ја обвинува ЕУ за двојни стандарди

И Ватикан ја обвинува ЕУ за двојни стандарди
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·01. 07. 2026. 09:12:54

На собирот на кардинали свикан од папата Лав Четиринаесетти, префектот на Дикастеријата за доктрина на верата, кардиналот Виктор Мануел Фернандез, отвори тема што одамна тлее во европската политика, а тоа се „селективната примена на меѓународното право, различниот однос кон оружените конфликти и тенденцијата моралните принципи да се приспособуваат на политичките интереси“. Ватикан со критика на принципиелно рамниште Неговите зборови не беа насочени само кон една држава или кон еден конфликт. Напротив, критиката беше поставена на принципиелно рамниште. Според Фернандез, „современата политика сè почесто функционира според логиката кој е пријател, а кој противник“ наместо според универзални критериуми, анализира Марјан Велевски за НОВА МАКЕДОНИЈА. – Токму во тој дел се наоѓа најсилната порака. Ако човековите права, демократијата, слободата на говорот и почитувањето на меѓународното право важат само кога тоа одговара на политичките интереси, тогаш тие престануваат да бидат универзални вредности и стануваат инструмент на дневната политика. Затоа и оцената дека „веќе не постои вистинска и стабилна рамка на вистината и вредностите“ не треба да се чита како дипломатска фраза. Таа претставува предупредување дека европскиот и поширокиот западен политички систем ризикува да го загуби најсилниот капитал што го поседува – моралниот кредибилитет – велат наши соговорници, дипломати од кариера и политички аналитичари. Во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti