klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Хортикултурно уредување и зазеленување на јавните површини во општина Илинден

Хортикултурно уредување и зазеленување на јавните површини во општина Илинден
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·17. 10. 2026. 11:51:36

Општина Илинден континуирано спроведува активности за уредување и разубавување на јавните простори, со цел создавање попријатна, поуредена и позелена животна средина за сите граѓани. Во рамки на овие активности, во соработка со општествено одговорната компанија „Атлантик Група“, реализирана е акција за хортикултурно уредување и зазеленување на кружниот тек во населеното место Илинден, при што се засадени повеќе видови декоративни растенија, меѓу кои зимзелени садници, украсни грмушки и лаванда, со што просторот доби нов, уреден и естетски изглед. Значаен придонес во реализација на активностите за зазеленување и уредување на јавните површини има и општествено одговорната компанија „КАЗ Груп“, која преку континуирани донации и долгогодишна соработка со Општина Илинден активно придонесува кон создавање поубава, поуредна и позелена животна средина. Ваквите активности се дел од континуираните заложби на Општина Илинден за унапредување на урбаното зеленило и одржување на јавните површини, а преку ваквите заеднички иницијативи се потврдува значењето на соработката меѓу локалната самоуправа и бизнис-секторот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti