klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Хорхе Меси – тивкиот човек зад кариерата на фудбалскиот гениј

Хорхе Меси – тивкиот човек зад кариерата на фудбалскиот гениј
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·10. 08. 2026. 10:38:07

Дури и најдобрите во светот мора да поминат низ тешки моменти за да ги остварат своите соништа. Хорхе Меси го напушти родниот крај и со својот 13-годишен син Лионел замина од Аргентина во Барселона, за момчето да го започне патот кон статусот на, според многумина, најдобар фудбалер на сите времиња. Таткото и синот толку многу тагувале по домот што навечер плачеле скришно еден од друг. – Понекогаш се заклучував во собата и плачев кога пристигнавме во Барселона. И татко ми го правеше истото, без јас да го видам, или барем мислеше дека не го гледам. Се преправавме дека двајцата сме добро, но не бевме. Татко ми дури ме праша што сакам да направам кога ни беше најтешко – дали сакам да останам или да се вратиме дома. Јас сакав да останам, а тој остана со мене – раскажа Лионел Меси во интервју за „Радио дел Плата“ во 2007 година. Момчето ги воодушевило сите со своите фудбалски вештини и постигнало пет гола на пробниот натпревар одигран во Барселона во септември 2000 година. Тогашниот директор на првиот тим, Карлес Решак, подоцна се присетил дека му биле потребни само две минути за да посака да го ангажира. Но, Лионел бил многу понизок од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti