klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Хонда со нов мотор за Астон Мартин во Формула 1

Хонда со нов мотор за Астон Мартин во Формула 1
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 07. 2026. 10:54:09

Астон Мартин наскоро ќе добие нова погонска единица од Хонда, која би требало да дебитира на ГН на Холандија во Зандворт. Ова го потврди главниот инженер на јапонскиот производител, Шинтаро Орихара, пред трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа-Франкоршамп. Орихара изјави дека на тимот му е потребно уште малку време за финализирање на новиот мотор, нагласувајќи дека искуствата од сегашната верзија се важни за понатамошниот развој на силата и ефикасноста. Во Астон Мартин се насочени кон подобар втор дел од сезоната, бидејќи досега освоија само еден бод. Единствениот бод за тимот го освои Фернандо Алонсо по хаотичната завршница на трката во Монако.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti