Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“

Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од Владата по последните случувања со водоводниот систем, министерот посочи дека проектот е реализиран пред повеќе од една деценија. - Доколку зборуваме за проектот за филтер-станицата во рамките на изворот Вруток, односно за гостиварскиот водовод, проектот е почнат во 2011 година, а е завршен во 2014 година - рече министерот. Тој информира дека по завршувањето на проектот бил изготвен записник за примопредавање и системот бил предаден на локалното комунално претпријатие. - За истиот постои записник за примопредавање, по што објектот е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кое функционира во рамките на Општина Гостивар - изјави министерот Хоџа.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Македонија и Индија имаат многу што да си понудат како земји, се согласиле Сиљановска-Давкова и Мурму
