klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Хоџа: По години пишување стратегии на хартија, конечно воспоставуваме регионален систем за управување со отпад во државата

Хоџа: По години пишување стратегии на хартија, конечно воспоставуваме регионален систем за управување со отпад во државата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·06. 07. 2026. 12:44:08

Се подготвуваат тендерските постапки за изградби на современи системи за управување со отпад во Русиново и Новаци, додека за изградбата на современата фабрика за отпад во Светиниколското село Мечкуевци, која ќе биде за преработка на отпадот за 18 општини од Источниот и Североисточниот регион тендерската постапка е во завршница, истакна на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. Тој потенцира дека после години на пишување стратегии на хартија, конечно се воспоставува регионалниот систем за управување со отпад во нашата држава. -Тоа претставува најголема реформа во оваа област. ​Веќе е обезбедена и испорачана значајна опрема за општините низ регионите – механизација и комунална опрема. Паралелно се подготвуваат тендерите за изградба на регионалните центри во Русиново и во Новаци, додека во Свети Николе постапката е при крај. Истовремено, се подготвува и документација за изградба на трансфер станиците низ општините. ​Овој систем претставува долгорочно решение за дивите депонии и современо управување со отпадот. И целосно сум посветен за да се запази предвидената динамика на реализација-рече Хоџа. Министерот за животна средина и просторно планирање додаде дека еден од клучните чекори во борбата со аерозагадувањето е усвојувањето на новиот Закон за контрола на индустриски емисии, со кој се воведуваат построги стандарди…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti