Хоџа и Рокас ги промовираа новите можности за финансирање еколошки проекти

Во Гостивар денес се одржа Инфо ден посветен на LIFE програмата -главниот финансиски инструмент на Европската Унија за поддршка на проекти во областа на животната средина, климатските промени, заштитата на природата и чистата енергија. Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Општина Гостивар, а присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, и градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека нашата земја е првата во регионот што го потпишала Договорот за учество во LIFE програмата, со што се отворија нови можности за финансиска и техничка поддршка на проекти во областа на животната средина и климатските промени. На LIFE Инфо-денот беа презентирани актуелните повици и можности за аплицирање во рамки на програмата LIFE. Настанот обедини претставници на институциите, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и експертската заедница, со цел поттикнување нови партнерства и развој на квалитетни проекти за одржлив развој и заштита на животната средина.
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?

„Elle“ je neočekivano simpatična, a roze je boja autsajdera
