Хезболах ги отфрла разговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД

Либанското движење Хезболах денеска ги отфрли тековните преговори меѓу Либан и Израел што со посредство на САД се водат во Вашингтон, истакнувајќи дека Израел мора безусловно да се повлече од либанската територија. - Израел мора да си замине без услови и нема да помине ниту една обврска што го нарушува суверенитетот на Либан. Никој нема право да потпише такво нешто - изјави генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, во телевизиско обраќање. Тој го повика либанското политичко раководство да настапи единствено на преговорите и да ги отфрли, како што рече, израелските диктати. - Нема нормализација, нема крај на непријателството, нема придобивки за Израел и нема делумно израелско присуство на либанска територија - додаде Касем. Изјавата следува откако американскиот Стејт департмент објави дека петтата рунда разговори меѓу Либан и Израел е продолжена за уште еден ден поради несогласувањата околу обемот на израелското повлекување од јужен Либан. Израелскиот Канал 12 претходно јави дека е постигнат претпазлив напредок во разговорите околу американскиот пилот-план за делови од јужен Либан. Според „Џерусалем пост“, предлогот предвидува постепено израелско повлекување од одредени подрачја, распоредување на либанската армија и демонтирање на воената инфраструктура на Хезболах. Главниот спор останува околу тоа каде да започне спроведувањето на планот. Вашингтон и Бејрут…
Povezane vijesti
Sve predstavlja opasan povratak ideji da susjedne države imaju historijsko ili moralno pravo da govore u ime pojedinih zajednica unutar međunarodno priznate države

Албанец чека да биде депортиран од Британија: Објавува снимки од луксузен живот и ги храни кучињата со банкноти
