Хари Кејн најдобар играч во Германија, Компани – најдобар тренер

Англискиот фудбалер на Баерн Минхен Хари Кејн е избран за најдобар фудбалер во Германија во традиционалната анкета на спортското списание „Кикер“. Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, оставајќи го зад себе соиграчот од Баерн, Мајкл Олисе, кој доби 203 гласа. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, со 61 глас. Признанието доаѓа по неверојатната сезона во која Кејн постигна дури 61 гол на 51 натпревар и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата и Купот на Германија со Баерн. „Ова беше најдобрата сезона во мојата кариера досега“, изјави Кејн во средата, кога ја прими и „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа. Англичанецот воедно е меѓу главните кандидати за престижната „Златна топка“. Наградата за најдобар тренер во Германија заврши кај Венсан Компани. Стратегот на Баерн собра 314 гласа, убедливо пред Јулијан Шустер од Фрајбург со 87 и Себастијан Хенес од Штутгарт со 53 гласа. Кај жените, фудбалерката на Баерн, Џулија Гвин, беше избрана за најдобра играчка во Германија. Таа доби 106 гласа и овојпат самостојно го освои признанието, откако минатата година ја подели наградата со голманката Ан-Катрин Бергер. За Кејн ова е уште едно големо индивидуално признание во сезоната во која практично не престанува…

