klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Гутереш: Суперсилите треба да ги сфатат границите на својата моќ, понижувачки војни за САД и Русија

Гутереш: Суперсилите треба да ги сфатат границите на својата моќ, понижувачки војни за САД и Русија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 08. 2026. 11:52:07

Американскиот застој со Иран и руската инвазија врз Украина ги открија острите граници на моќта на суперсилите, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш отфрлајќи ја идејата ОН да бидат во сенка во мултиполарниот свет. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ додека се приближува кон крајот на деценијата помината на чело на ОН, Гутереш опиша свет кој се преобликува со падот на доминацијата на САД, подемот на нови сили и понижувачките лекции од војните во кои суперсилите од Студената војна не успеаја да обезбедат одлучувачки победи. Со својата организација оптоварена со финансиска криза, низок морал и поделби меѓу големите сили, генералниот секретар предупреди дека помултиполарниот поредок ризикува да лизне во конфронтација доколку глобалните институции не се приспособат на тоа. „Време е суперсилите да ги сфатат границите на својата моќ. Ако погледнете што се случи во последно време, капацитетот на суперсилите да ја наметнат својата волја, својата сила или својата моќ во неколку ситуации беше сериозно ограничен. Погледнете што се случи со Русија и Украина. Погледнете што се случи со САД и Иран“, рече Гутереш за „Фајненшал тајмс“ во интервју направено во неговите канцеларии на 38-тиот кат во седиштето на ОН во Њујорк. Америка се надеваше дека Техеран ќе капитулира кога беше…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti