Crna kronika Sjeverna Makedonija
Групна тепачка во Ѓорче поради сообраќајна несреќа

Kurir.mk·Тале Кристо·11. 07. 2026. 13:28:04
По претходно случена сообраќајна незгода, на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров избила физичка пресметка меѓу шест лица, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, на 10 јули 2026 година во 18:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека по сообраќајната незгода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка. Во инцидентот учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63), сите од селото Буковиќ, скопско, од друга страна. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против инволвираните лица.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


