klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 09:49:36

Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026 кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ресурси, развојот на таленти, благосостојбата на вработените, како и различноста и инклузивноста. Значењето на ова признание се гледа во неговиот статус на независен меѓународен репер кој обезбедува објективна проценка на практиките за управување со вработените според највисоките глобални стандарди. Сертификатот Top Employer 2026 потврдува дека групацијата BALFIN успешно создава работна средина со високи перформанси преку стратегии насочени кон луѓето, како и дека практиките за управување со човечки ресурси се усогласени со оние на водечките меѓународни организации. Според Елвин Носи, директор за човечки ресурси во групацијата BALFIN, сертификатот не е резултат на нова иницијатива, туку формално признание за културата и начинот на работа кои се градат со години. „Привлекувањето, развојот и задржувањето на талентите е еден од најголемите предизвици за секоја организација денес. Во BALFIN ова претставува стратешки приоритет веќе многу години. Можноста за професионален развој во различни индустрии и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti