Група од 120 британски милионери бара повисоки даноци за најбогатите

Група од 120 британски милионери, меѓу кои поранешниот фудбалер Гери Линекер и музичкиот продуцент Брајан Ино, во отворено писмо до новиот британски премиер Енди Барнам побараа да бидат повисоко оданочени, истакнувајќи дека најбогатите треба да придонесуваат повеќе за финансирање на јавните услуги. Во писмото, организирано од движењето „Патриотски милионери“, се наведува дека потписниците можат да плаќаат повисоки даноци. „Не зборуваме за повисоки даноци за луѓето кои секојдневно одат на работа, туку за најбогатите, чии приходи произлегуваат од богатството што го поседуваат“ - се наведува во писмото, кое денеска го пренесе Би-Би-Си. Лидерката на Конзервативната партија, Кеми Бејденок, изјави дека е „повеќе од добредојдено“ Линекер да плаќа повисок данок, додавајќи дека „може да напише чек до државната благајна, никој не го спречува“. „Патриотски милионери“ се залагаат за воведување данок од два проценти на богатство поголемо од 10 милиони фунти. „Милионерите се патриотска група. Ја сакаме оваа земја и сакаме да напредува. Но, успехот бара инвестиции, а главниот извор на неискористен капитал е кај нас – во неоданочениот потенцијал“ - се наведува во писмото. Би-Би-Си потсетува дека и претходно во Велика Британија имало слични кампањи за повисоко оданочување на богатите. Барнам не ја исклучи можноста за воведување данок за богатите кога, неколку…


