klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 08:31:58

Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане. Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари. Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца жители од селото. Интервенцијата траела од 15:10 до 19:55 часот. Од ТППЕ информираат дека пожарот е целосно ликвидиран и не постои опасност од негово повторно активирање.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti