Гринкевич и Лафчиски: Македонската Армија активно придонесување кон колективната одбрана на НАТО (ГАЛЕРИЈА)

Македонија е цврст и ценет сојузник на НАТО кој значајно придонесува за колективната безбедност, истакна Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, при денешната посета на касарната „Илинден“ во Скопје. Тој посочи дека македонските војници учествуваат рамо до рамо со припадници од други сојузнички земји во рамки на Напредните копнени сили во Бугарија, Летонија и во Романија, нагласувајќи дека имаат клучна улога во обезбедување на источниот дел од Алијансата преку кредибилно одвраќање и одбрана. -Имав чест да се сретнам со дел од нив денеска во касарната „Илинден“, каде што проследив и вешта демонстрација на нивните способности за време на динамична тактичка вежба-нагласи Гринкевич. Тој ја истакна и улогата на земјава во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан, нагласувајќи дека станува збор за регион од стратешко значење за НАТО. Воедно, се заблагодари за повеќе од две и пол децении поддршка на мировната мисија КФОР во Косово, оценувајќи дека таа и натаму има фундаментална улога за безбедноста на сите заедници. Гринкевич информираше дека по направена анализа на безбедносната состојба, НАТО ќе пристапи кон постепена оптимизација на големината и распоредот на силите во рамки на КФОР. Во однос на одбранбените вложувања, Гринкевич истакна дека македонската држава веќе…
