Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми

Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност. Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со преден погон, кои се најзастапени на патиштата, предните гуми го поднесуваат најголемиот товар, управувајќи со него, сопираат и ја пренесуваат силата на моторот на коловозот. На тој начин доаѓа до значително побрзо трошење на предните од задните гуми. Ова директно ја загрозува безбедноста при возењето, пренесе магазиниот Феникс. Според германскиот автомобилски клуб АДАЦ, се препорачува ротација на гумите за сите сезони по приближно 10.000 до 15.000 изминати километри. „Возачите кои најчесто возат на кратки релации, низ град или управуваат со потешки возила, како што се електричните автомобили, треба почесто да ги проверуваат и ротираат гумите, советуваат од клубот, нагласувајќи дека начинот на ротација зависи од нивниот дизајн. - Доколку се заменуваат само две гуми, а не сите четири, новите гуми секогаш треба да се монтираат на задната оска. Постарите гуми, доколку сè уште имаат…


