ГРАНДИОЗНО ФИНАЛЕ НА „КУЛТУРНО ЛЕТО 2026“: Преполн Расадник, еуфорична публика и спектакл со Voyage и 2Bona за 71-от роденден на Кисела Вода!

Синоќа, на преполниот плоштад во Расадник, со невидена еуфорија и фантастична енергија беше затворено овогодинешното издание на манифестацијата „Културно лето 2026“ во Општина Кисела Вода. Илјадници граѓани го прославија јубилејот и го честитаа 71-от роденден на најстарата скопска општина, уживајќи во врвно музичко доживување кое долго ќе се прераскажува. Вечерта, која понуди вистинска урбана атмосфера, ја отворија талентираните млади бендови од Општина Кисела Вода. Одличниот вовед продолжи со супер динамика благодарение на ДЈ Доријан и ДЈ Марио Трампет, кои перфектно ја загрејаа публиката за главниот настан. Еуфоријата го достигна својот максимум со настапот на популарниот урбан домашен музички бренд 2Bona, кои направија извонредна атмосфера и ги пееја своите најголеми хитови заедно со публиката. За грандиозното финале се погрижи големата балканска ѕвезда Voyage. Неговото излегување на сцената предизвика вистинска ерупција од одушевување-кренати раце, стотици запалени блицеви и илјадници мобилни телефони во воздухот кои го сликаа и снимаа секој момент од настапот. Со овој голем настан успешно се заокружи овогодинешното Културно лето на Општина Кисела Вода, кое понуди разновидни содржини за сите генерации. Во изминатите денови, публиката имаше можност да ужива во одличните настапи на Лозано, Таско, Влатко Миладиновски, групата „Љубојна“ придружувана од бенд на ученици, КУД „Китка“, Андријана Петрушевска и Никола…


