klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Граѓаните слушнати: Сменет билбородот на влезот на Скопје, еве како изгледа новиот (ФОТО)

Граѓаните слушнати: Сменет билбородот на влезот на Скопје, еве како изгледа новиот (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 15:22:58

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по повод печатената грешка на билбородот што беше поставен на влезот на Скопје. Тој во објавата напиша дека кој работи и греши и оти печатената грешка е веќе корегирана. -Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Според него, опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. -Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје", кој руиниран стоеше така со години. Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува. И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата - изработувач која го постави преку ЈП „Улици и патишта“, напиша Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук. Претходно опозициската СДСМ преку соопштение критикуваше дека со погрешнииот билборд на кој коњот Букефал бил претставен со пет нозе, се нагрдил градот. -Ова…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti