klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Градоначалникот на Киев истакна дека Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев истакна дека Украина никогаш нема да се предаде
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 06:34:57

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати итен апел за европска солидарност со Украина во нејзината борба против руската инвазија. - Никогаш повеќе не сакаме војна во Европа. Мирот бара наша заедничка одговорност. На слободата ѝ се потребни луѓе кои стојат еден за друг – изјави 55-годишниот Кличко во видеопорака за време на церемонија за доделување награди во Берлин. Кличко рече дека првично планирал лично да отпатува во Берлин за да ја прими наградата „Европска иднина“, но ситуацијата во Киев толку драматично се влошила што морал да остане во градот, пренесе ДПА. Украина се брани од целосна руска инвазија повеќе од четири и пол години, со поддршка од Западот. Поранешниот светски шампион во бокс изјави дека деноноќно е сведок на тоа колку станале жестоки руските напади, при што под оган се наоѓаат мостови, електрани, училишта, градинки, болници и станбени згради. Кличко го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува со бомбардирање да ја принуди Украина на послушност и да ги натера луѓето да бегаат од своите градови. Путин сака да создаде „милиони бегалци во Европа“ во надеж дека Европа ќе ја напушти Украина и ќе ја принуди да капитулира, рече тој. „Но тоа никогаш нема да се случи“. Кличко…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti