Градоначалник Лукровски потпиша меморандум за соработка со Градежниот факултет

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф.д-р Јосиф Јосифовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство насочено кон размена на знаења, стручна поддршка и реализација на заеднички проекти. Овој Меморандум е основа за соработка во изготвување на стратешки документи, студии и анализи од областа на градежништвото, геодезијата и геотехничкото инженерство, а воедно предвидува и соработка во делот на практичната настава и професионалниот развој на студентите, можности за нивно стипендирање, како и поддршка при изработка на научни трудови од интерес на општината. Општина Карпош, преку ова партнерство, ја потврдува својата заложба за соработка со високообразовните институции и користењето на стручната експертиза во креирањето на квалитетни решенија за подобрување на условите за живот на граѓаните.
Povezane vijesti
JAKOV JOZINOVIĆ SA DRUŠTVOM BANČI DO JUTRA, A OD DŽEJLE NI TRAGA NI GLASA! Pevač uhvaćen kako uživa na festivalu u Splitu, svi komentarišu samo jedno (PAPARACO)

Ова овошје не треба да се комбинира со лекови, особено не со оние за срцеви болести
