Град Скопје најави ново прскање против комарци на 30 и 31 јули

Градот Скопје информира дека продолжува со реализацијата на годишната програма за дезинсекција против комарци, согласно законските обврски и препораките на Центарот за јавно здравје – Скопје. Следната фаза од третманот против возрасни комарци е планирана за 30 и 31 јули, кога ќе се изврши авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Од Град Скопје посочуваат дека доколку има неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, а јавноста навремено ќе биде информирана. Во изминатиот период веќе се реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларви и возрасни форми на комарци. Дезинсекција против ларви е извршена на: 7 мај – авионски третман; 11 јуни – авионски третман; 26 јуни – теренски третман; 10 јули – авионски третман; 23 јули – теренски третман. Третмани против возрасни комарци биле реализирани на: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција; 13 и 15 јули – теренска дезинсекција. Од Град Скопје велат дека мерките се спроведуваат со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје, во согласност со законските прописи и стручните препораки. „Градот Скопје останува посветен на навремено и ефикасно спроведување на сите…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
