klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Гостиварскиот градоначалник Лимани не чувствува морална одговорност за водоводната хаварија

Гостиварскиот градоначалник Лимани не чувствува морална одговорност за водоводната хаварија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 11:13:10

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Баљбон Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот. - Сум во контакт со директорката на ЈП „Комуналец“ и раководството. Тие моментално се суспендирани од тие функции. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту било како да се попречи во работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице коешто менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна, рече Лимани. Тој изјави дека проблемите со градскиот водовод имале повеќе годишна историја, но тоа е главно како што рече со недостиг на вода и дека е од приоритети кои ги спроведува од преземањето на функцијата е новата водоводна линија на која веќе се работи. Вонредната седница општинскиот совет е закажана за 15.00 часот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti