Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка

До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во: Општина Гази Баба – с. Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја); Општина Ѓорче Петров – населба Волково (куќа, бандера и ниска вегетација); Општина Сопиште – с. Чифлик (борова шума и ниска вегетација); Општина Арачиново – с. Арачиново (депонија); Општина Студеничани – стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација); Општина Карпош – ул. Скупи (ѓубре); Општина Новаци – кај езерото Букри (ниска вегетација); Општина Долнени – с. Бело Поле (ниска вегетација); Општина Долнени – с. Браилово (ниска вегетација); Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација); Општина Прилеп – м.в. Варош (ниска вегетација); Општина Чашка – с. Бањица (ниска вегетација); Општина Велес – с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација); Општина Велес – населба Превалац (ниска вегетација); Општина Росоман…

