klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Горештините и сушата ја чинеја германската економија 36 милијарди евра

Горештините и сушата ја чинеја германската економија 36 милијарди евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 14:44:03

Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од жештините, пренесе ДПА. - Ова лето на горештини и суша беше катастрофа за милиони луѓе и за економијата. Иако оваа природна непогода зад себе не остави куп урнатини, обемот на штетата е шокантен – изјави финансискиот експерт на „Гринпис“, Маурицио Варгас. Варгас ја повика германската влада да одговори на климатската криза „со сериозноста што ја бара“ на нејзиниот претстоен владин состанок. „Бројките се недвосмислени: едноставно повеќе не можеме да си дозволиме да продолжиме како претходно“, рече тој. Германија не беше поштедена од ефектите на рекордно топлото лето во Европа. Температурниот рекорд во земјата беше соборен во три последователни дена во јуни, достигнувајќи врв од 41,7 степени Целзиусови во источната сојузна покраина Бранденбург, додека во последните недели избувнаа и неколку големи шумски пожари. „Гринпис“ соопшти дека десетици милиони работни часови се изгубени поради жештините, додека повеќенеделната суша се очекува да резултира…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti