Големо разочарување: Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје информира дека повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на релација Попова Шапка-Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Овој вид на зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои според организацијата во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра (500.000 денари). -Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништена, оштетена или отстранета. Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во С.Македонија“. Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници, се наведува во соопштението на Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје. Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната…
Povezane vijesti

Srušio se avion u Sjedinjenim Američkim Državama, među poginulima i dijete

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
