klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Големи воени вежби во Тајван, во маневрите вклучени и резервисти

Големи воени вежби во Тајван, во маневрите вклучени и резервисти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·05. 08. 2026. 07:27:10

Тајван денеска ги почна најголемите годишни воени вежби, како подготовка на армијата за одбрана од можен кинески напад и за зајакнување на одбранбените способности поради зголемениот притисок од Пекинг. Воените вежби „Хан Куанг“ што ќе се изведуваат до 14 август, вклучуваат реалистични борбени сценарија со цел војниците и резервистите да увежбуваат одговор на евентуален напад врз Островот, соопштија претставници на одбраната. Еден од главните акценти на годинешните вежби е децентрализацијата на командувањето и контролата, што треба да им овозможи на командантите и офицерите на терен да носат оперативни одлуки без да чекаат наредби од повисоките структури. Во вежбите ќе бидат вклучени и цивили, преку симулации на вонредни ситуации, меѓу кои привремено ограничување на мобилниот интернет и вежби за воздушна тревога. Десетици резервисти денеска беа распоредени на крајбрежјето на Тајванската Теснина, каде изведуваа вежбовно гаѓање со автоматски пушки од тајванско производство. Кина го смета Тајван за своја територија и повеќепати се закани дека може да употреби сила за да го припои Островот со повеќе од 23 милиони жители. Пекинг речиси секојдневно распоредува бродови, борбени авиони и припадници на крајбрежната стража околу Тајван, демонстрирајќи ги своите претензии за суверени права над Островот, што Тајпеј ги отфрла. „Додека авторитаризмот на ККП (Кинеската комунистичка…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti