Голема јапонско-американска воена вежба со ракети со долг дострел

Јапонија и САД денеска почнаа 11 дневна заедничка воена вежба во која учествуваат приближно 56.000 лица, а првпат учествуваат новите јапонски противбродски ракети со долг дострел. Вежбата „Кин сворд 2027“ (Keen Sword 2027) почна со церемонија на јапонскиот остров Ишигаки и ќе трае до 29 октомври. Во вежбата учествуваат околу 45.000 припадници на Јапонските сили за самоодбрана и 11.000 американски војници, заедно со силите од Австралија, Канада, Франција, Германија, Холандија, Нов Зеланд и од Филипините. Јужна Кореја и Велика Британија испратија набљудувачи. Во вежбата првпат ќе биде употребена јапонската противбродска ракета Тип 25, без боева муниција, која има дострел од околу 1.000 километри. Американските маринци, исто така, распоредуваат противбродски ракетни системи НМЕСИС и опрема за воздушна одбрана МАДИС на југозападните острови на Јапонија во близина на Тајван. МИА

